Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија
На ден 01.03.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Собранието на Црвен крст на Република Македонија ја оддржа својата единаесетта редовна седница, на која како единствена точка се разгледуваше донесувањето на новиот Статут на Црвениот крст на Република Македонија
Пред да се развие дискусија за овој значаен и највисок акт на Организацијата, Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Милчо Трајков истакна дека новите хуманитарни предизвици кои бараат навремен одговор со хуманитарни активности, наметнуваат потреба од дополнително дејствување за што е потребно изнаоѓање нови форми за справување со истите, а пред се со ранливоста на специфични целни групи.Црвениот крст на Република Македонија во својата хуманитарна мисија мора постојано да ги надградува човечките и обезбедува материјални ресурси за справување со овие предизвици. Поради тоа, се појави потреба од донесување на нов Статут на Црвениот крст на Република Македонија, како и потреба од усогласување на Статутите на Општинските организации веднаш по усвојувањето на Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.
Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија, Д-р Милчо Трајков, јавно се заблагодари на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити за десетгодишната неуморна посветеност и пожртвуваност во работењето и функционирањето на Националното друштво. Тој исто така изрази голема благодарност кон работната група која речиси 10 месеци работеше на изготвувањето на овој документ.
Присутните членови на Собранието, со јавно гласање, едногласно го донесоа Статутот на Црвениот крст на Република Македонија.