Семинар за Меѓународно хуманитарно право и негова примена во одбраната и безбедноста
Согласно со потпишаниот договор за соработка помеѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Армијата на Република Северна Македонија, претставник на Црвениот крст на РСМ одржа предавање на тема МХП и хуманитарните активности на Црвениот крст на Семинарот за Меѓународно хуманитарно право и негова примена во одбраната и безбедноста, во организација на Министерството за Одбрана на Република Северна Македонија. Семинарот се одржа во Центарот за обука “д-р Џозеф Крузел” Касарна Гоце Делчев во Скопје 14.12.2023 година. Семинарот беше наменет за вработените во Министерството за Одбрана на РСМ и Армијата на Република Северна Македонија.
Поддршката на Црвениот крст за организацијата на оваа обука е во рамки на редовните активности на нашата организација за промовирање и дисеминирање на меѓународното хуманитарно право со цел да се надградат капацитетите и знаењата на припадниците на вооружените сили во однос на усогласеност и доследно почитување на меѓународното хуманитарно право во мирновременски услови и за време на вооружени судири.