јуни 17, 2024

Шести Форум за крводарителство

По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија беше организиран VI- ти Форум за доброволно крводарителство, кој се одржа во периодот од 14-15.06.2024 година во Велес на тема “Нови концепти за мотивирање при доброволното крводарување“.

На Форумот беа присутни 29 претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија, Институтот за трансфузиона медицина, Општински организации на Црвен крст и мотиватори од локални средини, каде донесоа заклучоци кои треба да служат во насока на зголемување на мотивираноста за доброволно крводарување.

< врати се назад