
2023-10-19
Симулациска вежба Хуманитарен одговор 2023
Црвениот крст на Република Северна Македонија, денес во Скопје организираше симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес.
Покровител на вежбата e Претседателот на Република Северна Македонија
, г-дин Стево Пендаровски, а учествуваа институциите вклучени во Системот за кризен менаџмент, домашни и странски тимови од Црвениот крст. 

Црвениот крст својата сила ја добива од граѓаните и од волонтерите! 

Ви благодараме на разбирањето, сполотеноста и поддршката! 

