јуни 22, 2015

СЛУЖБА ЗА БАРАЊЕ-ОСВЕЖУВАЊЕ НА ЗНАЕЊАТА

sluzba_baranja

Како резултат на зголемениот обем на активности на Црвениот крст на Република Македонија, поврзани со мигрантите кои во голем број транзитираат низ нашата држава, се јави потребата од поголемо вклучување на Службата за барање на националното друштво, со оглед на зголемениот број на барања за исчезнати лица, како резулатат на мигрантската криза која ја зафати Европа.

Ваквите состојби ја наметнаа потребата од поголема организација на Службата за барање на сите нивоа на поставеност во националното друштво. Црвениот крст на РМ на овој план има голема поддршка од страна на Регионалната Канцеларија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст во Белград, а како резултат на истата, произлегоа повеќе активности меѓу кои и организирање на работилница за освежување на знаењата за Службата за барање за лицата кои се одговорни за службата во Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

Работилницата се одржа на 18.06.2015 година, а според програмата се разработуваше основниот тренинг за работа во Службата за барање, кој за дел од присутните беше новина, а за дел повторување на знаењата стекнати за време на бегалските кризи кои од деведесетите години наваму се случуваа во регионот.

Целта на работилницата беше да се обрне поголемо внимание на активностите кои во моментов ја врзуваат Службата за барање со мигрантите во Македонија. Токму затоа најголемо внимание се посвети на активностите кои се реализираат во Општинските организации на Црвен крст кои се наоѓаат на рутата по која се движат миграните и можностите за активности на Службата за барање во истите. Беше потенцирана спецификата за работа во Службата со оваа целна група и потребата за постојана комуникација на општинските служби со централната канцеларија од каде се одвива комуникацијата со Службите за барање на другите национални друштва кои се засегнати со истиот проблем.

Одржувањето на работилницата од страна на сите присутни учесници беше оценета како многу корисна, а како заклучок произлезе потребата веднаш да следат обуки во општинските организации за волонтери кои во случај на потреба би се вклучиле во работата на Службата за барање.

< врати се назад