Посета на Бугарскиот Црвен крст
На покана на Бугарскиот Црвен крст во периодот 28-29.05.2021 година Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити оствари посета на Бугарскиот Црвен крст во Софија.
Повод за посетата беше гостување на изборната седница на собранието на Бугарскиот Црвен крст за мандатниот период 2021-2024 година. За време на изборната седница за претстојниот мандатен период за Претседател на Бугарскиот Црвен крст беше избран Академик Христо Григоров, додека за потпретседатели на националното друштво беа избрани проф. Здравко Маринов, Др. Валентин Пеев и Стојчо Стојчев.
За време на седницата беа презентирани постигнувањата и резултатите од работењето во периодот 2017-2020 година со особен акцент на последните случувања поврзани со пандемијата Ковид – 19.
По изборната седница Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити оствари средби со избраното раководство и Генералниот директор на Бугарскиот Црвен крст на кои се разговараше за продолжување на позитивни практики во соработката помеѓу двете Национални друштва.