Соoпштение за настраданите од земјотресот во Италија
Црвениот крст на Република Македонија во текот на денешниот ден оствари контакт со Италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените беше изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди Централна Италија.
Од страна на Црвениот крст на Република Македонија беше понудена помош за поефикасно справување со последиците од земјотресот во делот на спроведувањето на спасувачките акции.
Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период e подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во Централна Италија.
Сите заинтересирани граѓани и правни субјекти можат да се приклучат кон оваа активност со уплата на парични средства во Фондот за солидарност на Црвен крст на Република Македонија на сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка АД Скопје, со назнака:
Донација за настраданите од земјотресот во Италија, почнувајќи од 26.08.2016 година до 09.09.2016 година.
Исто така, секој заинтересиран граѓанин почнувајќи од 30.08.2016 година до 09.09.2016 година може со повик на телефоните: 075/070/077 143 400 да донира 100,00 денари.