август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-15 август

Црвениот крст на РМ со своите 7 мобилни тимови, односно 150 лица-волонтери и професионалци, продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи. До сега се дистрибуирани 23.954 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 9.519 лит. млеко, 13.322 лит. јогурт, 3.740 пакети со хигиена, 732 бебешки пакети, 191 тони вода, 732 пакети пелени, 556 душеци, 3708 кебиња, 600 кг облека, 491 парчиња чизми, 332 лит дезинтал. Укажани се  111 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицински транспорти.

13934602_1630694570574030_1153982538214883187_n1

Во четрите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 230 лица дистрибуираме дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

Граѓаните може да се јавуваат и на телефон на Црвениот крст 02/3139578 за дополнителни инфомации.

13895517_1630694563907364_4363489714095651718_n1

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 23.298.578,00 денари на сметката на Фондот на солидарност

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 12.889.000 денари со повик на телефоните

 

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките (07 август 2016 год.) а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од поплавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен.

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

< врати се назад