Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Соопштение за помош на настраданото население од поплавите – 16 август

2016-08-29

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите – 16 август

Црвениот крст на РМ со своите 7 мобилни тимови, односно 150 лица-волонтери и професионалци, продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи. До сега се дистрибуирани 27.028 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 11.619 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 3.765 пакети со хигиена, 558 бебешки пакети, 215 тони вода, 732 пакети пелени, 556 душеци, 4.128 кебиња, 600 кг облека, 491 парчиња чизми, 332 лит дезинтал. Укажани се  123 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Во четрите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 310 лица дистрибуираме дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

Граѓаните може да се јавуваат и на телефон на Црвениот крст 02/3139578 за дополнителни инфомации.

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 26.270.940 денари на сметката на Фондот на солидарност

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 12.932.500 денари со повик на телефоните

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките (07 август 2016 год.) а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од полавите согласно проценката на овластени комисии кои дејствуваат на терен.

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025