март 26, 2019

Соработка со BETTY аптеки

На 18 март 2019 Црвениот крст на Република Македонија и BETTY аптеките потпишаа меморандум за соработка со цел да се обезбеди меѓусебна соработка за реализација на активности од областа на здравствено – превентивните програми, имајќи ги во предвид потребите на ранливите категории на граѓаните.

Првата заедничка активност беше реализирана на 25 март по повод Светскиот ден на туберкулоза. Во неколку аптеки низ Македонија беше поставен информативно-едукативен материјал испечатен од страна на Црвен крст на Република Македонија кој им беше поделен на граѓаните каде имаа можност да се здобијат со повеќе информации за туберкулозата и нејзиниот третман од страна на фармацевтите во BETTY аптеките.

< врати се назад