февруари 2, 2021

Соработка со Црвен крст

Комерцијална банка ја продолжи соработката со Црвен крст на Република Северна Македонија и 11-та година по ред ќе биде Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“. Со вклучувањето во овој проект Банката како општествено одговорна компанија им овозможува на децата и младинците со посебни потреби да ги развијат здравиот дух и креативниот капацитет, дополнително да се едуцираат и целосно да се интегрираат во општеството. Продолжувањето на соработката со Црвениот крст и поддршката на овој проект ги потврдува напорите на Банката за долгорочен и систематски пристап кон подобрување на положбата на ранливите групи во заедницата.

< врати се назад