септември 24, 2018

Состанокот со претставници на партнерите на регионалниот проект “Преземање акција за социјално вклучување на постарите лица”

Во рамки на Регионалниот проект “Преземање акција за социјално вклучување на постарите лица”, финансиран од Европската унија,  поддржан од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст од 20-22 септември во Црвен крст на Србија, Белград се одржа состанок со претставници на партнерите на проектот. Проектот се реализира веќе трета година и во досегашниот период се постигнати значајни резултати во пет земји Македонија, Србија, Албанија Црна Гора и БиХ. Во Македонија партнери на проектот се Црвениот крст на РМ и Здружението Хуманост.  Целта на состанокот беше да се подготви план за акција за имплементација на активностите од последната фаза на проектот, кој меѓу другото вклучува подготовка на позитивни практики од имплементација на микро проектите во сите земји и регионална завршна конференција на која ќе се промовираат постигнатите резултати од проектот.  

Во текот на состанокот претставниците од сите партнери ги претставија досегашните постигнати резултати од проектот, како и плановите за активности до крајот на остварување на проектот. Исто така беа истакнати промените во земјите како резултат на имплементираните проектни  активности во изминатите две години. Беше потенцирано дека е многу значајно што со проектот беа зајакнати мрежите и се работеше на нивна натамошна одржливост во секоја земја. Од особено значење е што преку малите проекти, кои имаат огромно значење за активно вклучување на постарите лица,  се мотивираа граѓанските здруженија да станат членки на мрежите. Секој партнер говореше за видливоста на имплементацијата на проектните активности, преку која покрај промовирање на ефектите од проектните активности, се овозможи да бидат вклучени и самите постари лица да говорат во свое име за прашања кои водат кон подобрување на  квалитетот на животот на постарите лица. Врзано со имплементацијата на активностите беа разгледани и финанските можности за  организирање на дополнителни активности до завршување на проектот.

 

< врати се назад