Споделување на искуства за активности за превенција од трговија со луѓе
На 02.03.2024 година двајца претставници на Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваат на завршниот настан на проектот “End Suffering, Stop Human Trafficking” имплементиран од страна на Албанскиот Црвен крст. На настанот на кој присуствуваа секретари од 12 регионални канцеларии на Албанскиот Црвен крст, Генералниот секретар на Албанскиот Црвен крст, претставници од Министерството за внатрешни работи на Албанија и претставници на невладини организации во Албанија како и претставници на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, се споделуваа примери на активности, постигнувања и искуства од организирањето на активности за превенција од трговија со луѓе.