јули 21, 2021

Спој на два различни финансирани проекти за одржлив развој и подобрување на домашната нега за стари лица од страна на Црвениот крст на Република Северна Македонија

Преку проектот InCARE – Црвениот крст на Северна Македонија ќе работи на воспоставување на социјална иновација во заедницата која е наменета за грижа на стари лица во домашни услови и интеграција на услугата ,,Итно копче,, во рамките на  социјалните услуги за домашна нега на старите лица.

Пилотирањето на услугата е финасиски поддржано од два меѓународни донатори. Преку проектот InCARE, ЕУ кофинансира пилотирање на услугата првенствено за социјално ранливи категории граѓани, поврзувајќи ја со своите пакети за домашна нега и настојувајќи да ја вклучи во националните услуги и придобивки за социјалниот систем. Оваа иницијатива се спроведува во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика и со кофинансирана поддршка од Швајцарската агенција за развој (SDC).

Активностите во проектот InCARE се надополнети паралелно со пилот фазата на сервисот на Итно копче, поддржан од Австриската агенција за развој (АДА), Австриски и Швајцарски Црвен крст. Пилотот ќе има за цел да тестира модел на комерцијална услуга, со развој на бизнис план и проценка на трошоците за услугата на комерцијално ниво, без кофинансирање од страна на институциите. Двете пилот фази ќе бидат управувани истовремено, како два различни модула, со цел да се оценат трошоците и одржливоста на моделот на финансирање (делумно јавно финансиран, делумно приватно финансиран). Собраните информации од пилотирањата, ќе имаат за цел да ја информираат веќе водечката дискусија во националното законодавство насочена кон услугите за долгорочна нега и грижа на старите лица и развојот на модел покриен од јавното осигурување со можност за поддршка од страна на локалните самоуправи.

Линк до објавениот текст на страницата на InCARE проектот: Combination of two distinct funded projects to sustainably improve home care by the Red Cross of North Macedonia – InCare (centre.org)

#InCARE-Europe #EaSI #LongTermCare

< врати се назад