Спроведени 11 освежителни обуки за предавачи и демонстратори по прва помош
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 16.01-23.01.2024 година спроведе 11 освежителни обуки за предавачи и демонстратори на курсевите по прва помош за возачи и работни организации.
Освежителните курсеви за демонстратори и предавачи се одржаа во Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На освежителните курсеви зедоа учество вкупно 138 едукатори од 32 Општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да ги освежи знаењата на предавачите и демонстраторите по прва помош и истовремено да ги запознае со сите новини и актуелности од областа на првата помош во периодот од последните три години.