Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Средба со Претседатели на Црвен крст ан Република Северна Македонија, Црвен крст на град Скопје и Општински организации на Црвен крст

2021-06-26

Средба со Претседатели на Црвен крст ан Република Северна Македонија, Црвен крст на град Скопје и Општински организации на Црвен крст

Во периодот 24-26.06.2021 година во Центарот „Солферино“ во Струга, се одржа состанок со Претседатели на Црвен крст нa Република Северна Македонија, Црвен крст на град Скопје и Општински организации на Црвен крст.

Средбата претставуваше можност на Претседателите да се сретнат и да дискутираат за тековното работење и актуелните предизвици на организацијата, особено имајќи го во предвид периодот на ограничувања предизвикани заради пандемијата Ковид-19 во изминатиот период.

На состанокот беа претставени клучните постигнувања во периодот 2017-2021 година односно во периодот од спроведените последни избори во организацијата до денес. Посебен осврт беше презентиран за имплементираните активности на Црвениот крст на РСМ за одговор на пандемијата Ковид-19.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025