мај 19, 2022
Средба со претставници од осигурителни компании
На ден 18.05.2022 во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа средба со претставници од осум осигурителни компании. На истата беа дискутирани можностите за градење и зајакнување на партнерствата и негување на политиките за општествена одговорност.
Воедно беше презентирана и кампањата „Првата помош спасува живот!“ чија цел е обука на 25.000 млади за основите на првата помош како животоспасувачка вештина. Иницијативата беше поздравена од компаниите и во идниот период ќе се разгледаат можностите за соодветна поддршка на истата.