април 1, 2022
Средби со претставници од младинската структура на Црвен крст на Република Северна Македонија
Во изминатиот период се одржаа три средби и тоа со координатори за млади и стручни соработници за млади, средба со лидери на Клубови на млади и состанок на Совет на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија на кои се презентираше процесот Трансформација 28 и беа дискутирани идните развојни приоритети во младинското организирање и работење.
Од средбите произлегоа неколку главни препораки:
- Креирање на нови младински програми за различни возрасни категории на млади.
- Во насока на дигитализација на работењето на младите се воочува потреба од креирање на посебна платформа за млади за размена на информации и искуства.
- Воведување на програма за студенти по моделот на студентски сервисни услуги.
- Потребно е реорганизирање на младинската структура и репозиционирање на националните младински тела.