“Стоп за рамнодушноста-Да ја сочуваме хуманоста”
Црвениот крст на Рeпублика Македонија на 02.06.2016 година одржа работилница со претставници на медиумите. На самата работилница земаа учество 20 медиуми од цела Македонија. Работилницата ја отвори генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити.
Целта на кампања е подигање на свест кај населението за хуманитарните потреби во време на миграции предизвикани од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот.
Црвениот крст обезбедува интензивна поддршка за мигрантите кои транзитираат низ Република Македонија кон западно-европските земји. Активностите на Националното друштво се спроведуваат од страна на 260 волонтери и вработени кои континуирано во текот на целиот ден обезбедуваат поддршка за најранливите мигранти во прифатните центри близу граничните премини во Гевгелија (Р. Грција) и Табановце (Р. Србија). Активностите на Црвениот крст на Република Македонија се поддржани од повеќе домашни и меѓународни донатори. Поддршката на Националното друштво за мигрантите е во форма на обезбедување на храна, хигиенски пакети, прва помош, воспоставување на семејни врски и друго.
Имајќи ги во предвид времетраењето на целата мигрантска криза, Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина започна кампања за подигање на свеста кај населението за хуманите потреби на мигрантите и активностите за поддршка кои ги спроведува Националното друштво.