октомври 12, 2018
Светски ден на бездомништво
По повод светскиот ден на бездомништвото 10-ти октомври, во пунктот за бездомници – Момин Поток пригодно се одбележи денот со ручек донирано од приватно лице, каде се додели помош во чевли за 70 бездомни лица кои редовно го посетуваат пунктот.
Пунктот за бездомници функционира веќе 10-та година и нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството.
Пунктот за бездомници – Момин Поток е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани.