септември 11, 2020

Светскиот ден на првата помош “Прва помош во услови на пандемија,,

Светскиот ден на првата помош се одбележува ширум светот секоја година во втората сабота во месец септември. Овој ден е воведен од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2000 година и оттогаш се прославува секоја година.

                 На овој ден повеќе од 100 Национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ целиот свет организираат настани и активности со цел подигнување на јавната свест за пружање на прва помош и спасување на живот во секојдневни и кризни ситуации, како и промовирање и застапување на заложбите за поседување на знаење и вештини за укажување на првата помош кај пошироката јавност.

                Обезбедувањето на квалитетна и научно базирана прва помош достапна за секого ќе придонесе за градење на сигурни и здрави заедници преку превенција и намалување на ризиците во секојдневните несреќи и катастрофи. Преземањето на навремени активности и применувањето на стандардни и соодветни мерки за укажување на прва помош е значајно при спасувањето на човечките животи.

                Поради светската состојба со КОВИД 19 пандемијата, како и зголемената и брзо развивачка улога на Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина во време на кризни состојби, оваа година Светскиот ден на првата помош ќе се одбележи на 12 Септември по мотото “Прва помош во услови на пандемија”  со цел да се шират пораки за превенција и да се предложат активности и вештини од областа на првата помош кои што можат да се вклопат на било кое место, вклучително и online едукација преку користење на нови платформи  за едукација.

< врати се назад