Светскиот ден на старите лица 1-ви Октомври
Црвен крст на град Скопје преку дневните центри за стари лица, а во соработка со Црвен крст на Република Македонија го одбележа Светскиот ден на старите лица. Овој пат акцент се стави на правата на лицата во трето доба и тоа преку едукативна работилница преку која се поттикнаа старите лица да ги остварат своите права. Предавач на оваа активност беше Даниела Станојковска од Заводот за социјални дејности – Скопје. Присуство земаа претставници од сите три дневни центри на Црвен крст на град Скопје и тоа ДХО Даре Џамбаз, Сарај и Чаир. Овие лице понатаму имаат за обврска да разговараат на оваа тема со своите пријатели и да ги поттикнат своите врсници да се обраќаат до институциите за остварување на своите права. Оваа активност е континуитет на регионалниот проект ,, Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“.