февруари 14, 2019

Теорија и практични знаења во Црвениот крст-ПХВ во акција

Во изминатите десетина дена 1050 младинци од целата држава добија обука за дисеминација на Црвениот крст, преку моделот за дисеминација за млади во рамките на Национална програма за привлекување и задржување на волонтери, ЦКА-ПХВ програма. Обучени дисеминатори во секоја Општинска организација на Црвен крст преку унифициран пристап ги запознаа со значењето на амблемот, со принципите на Движењето како и со ликот на хуманистот и основачот на Црвениот крст, Анри Динан. 
Следниот чекор, обука како да изработуваат мали проекти и како да и помогнат на својата заедницата. Во просек се изработуваат 150 мали проекти преку кои им се помагаа на околу 3.000 корисници.
#PHV2019

< врати се назад