Тимот подготвен!
Се релизираше онлине состанок на ПХВ инструктори кои се подготвуваат за прегледување на овогодинешните ПХВ мали проекти. Целта на состанокот беше усогласување и повторување на критерумите за оценување на проектите.
Тимовите се поделени во помали парови и секој проект согласно критериумите ќе биде прегледан од страна на двајца инструктори кои мораат да постигнаат усогласување, а потоа а дел од нив ќе има и пленарно претставување.
За целиот процес да се заврши успешно е предвиден период од две недели, а самото усогласување ќе се случува во Струга од 31 мај до 02 јуни.
По конечното пребројување на малите проекти доставени од страна на ООЦК, во ПХВ канцеларија се пристигнати 168 проекти кои беа менторирани од 12 ментори, а ќе бидат прегледувани од 20 инструктори.
Пред инструкторите е важна работа, позитивна и инспирирачка бидејќи ќе се чита и анализира трудот и ангажманот на младите кои направија толку многу во изминатиот период!