Тренинг за едукатори за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19 поддржан од МФЦК/ЦП
Црвениот крст на РСМ во периодот од 19 до 21.02.2021 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамките на операцијата за справување со последиците од КОВИД19 организираше тренинг за едукатори за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19. На тренингот учествуваа 18 учесници, претставници на Црвен крст на град Скопје како и ООЦК (Центар, Чаир, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Куманово, Кочани, Штип, Велес, Струмица, Прилеп, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид и Струга).
Тренингот беше подготвен и реализиран од страна на меѓународни инструктори од ЦКРСМ за промоција на хигиена во кризни состојби и на истиот се разработуваа темите за промоција на хигиена, заштита од КОВИД19, улогата на ЦКРСМ во епидемии, СФЕРА стандарди, мапирање во заедницата како и начини и можности за организирање на активности. Од страна на учесниците произлегоа 18 нови предлози за активности за промоција на хигиена а во текот на месец март 2021 година, едукаторите во своите средини ќе треба да направат најмалку по 3 едукации за промоција на хигиена и заштита од КОВИД19 насочени кон ранливата популација посебно во образовните институции.
Тренингот беше реализиран согласно протоколите за време на КОВИД19 од Владата на РСМ.