Тренинг за поддршка во готовина и ваучери
Зајакнувањето на капацитетите на вработените и волонтерите во Националното друштво е еден од клучните приоритети кои водат кон развој и зголемени можности за одговор кон хуманитарните потреби.
Во оваа насока, одржана беше четиридневна работилница/тренинг за Поддршка во готовина и ваучери- II ниво, во Тренинг центарот “Солферино“- Струга, на која учествуваа 17 претставник од Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Стекнатите знаења, учесниците ќе може да ги применат во идни хуманитарни операции со кои ќе се даде поддршка на ранливи категории население и ќе се излезе во пресрет на нивните потреби.
Работилницата е реализирана со поддршка од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, како дел од проектните активности за помош и поддршка на лицата од Украина во нашата држава.