Тренинг за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи со Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Гостивар
Од 23 до 24.12.2017 во Тренинг центарот “Солферино”, Струга, се одржа тренинг за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи за волонтери и претставници на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Гостивар, во склоп на проектот “Намалување на ризици од катастрофи во микрорегиони Битола и Гостивар”.
На тренингот, преку интерактивни вежби, предавања а и размена на искуства се работеа следните теми: Улогата на Црвен крст во системот за управување со катастрофи во Република Македонија, Безбедност и ризици на терен, Хуманитарна помош и дистрибуција, Брза теренска проценка, Психосоцијална поддршка како и СФЕРА Стандарди. Во склоп на тренингот беше направена 1 практична вежба, Студија на случај “Студен бран Гостивар 2018” на која се анализираа податоци од добиената проценка и ситуација на терен, се подготвуваше план за акција и информирање за настанатата катастрофа а исто така се подготви план за сместување на лица погодени од студен бран.
Тренингот беше спроведен од страна на инструктори за подготвеност и дејствување при катастрофи на Црвен крст на Република Македонија според методологија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина за обука на тимови за одговор при катастрофи.