Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина
Во рамки на Проектот „Зајакнување на отпорноста на старите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ поддржан од Европската унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст и координиран од Црвениот крст на Србија, од 25 до 30 септември 2023 во Белград, Република Србија се одржа Тренинг за практична обука за итен трансфер на готовина.
Целта на тренингот беше да се зајакнат капацитетите на партнерите во проектот за спроведување на итен трансфер на готовина како елемент во примена на алатката за помош преку готовински трансфер.
На тренингот учествуваа 30 претставници од партнерите на проектот како што се Црвен крст на Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Покрај претставниците на партнерите во проектот учество земаа и претставници од неколку национални друштва: Австриски ЦК, Дански ЦК, Американски ЦК, Канадски ЦК, Полумесечина на Киргистан, како и претставници на Меѓународна Федерација на ЦК и ЦП и Меѓународен комитет на ЦК.