јуни 14, 2021

Трет Форум за крводарителство

По повод 14 јуни – Светскиот ден на крводарителството од страна на Црвен крст на Република Северна Македонија беше организиран Трет Форум за доброволно крводарителство, кој се одржа во периодот од 11-13.06.2021 година во Струга во хотел ,,Солферино,, на тема “Стратегија за доброволно крводарителство на Црвен крст на РСМ”.

На Форумот беа присутни 25  претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија, Институтот за трансфузиона медицина, Општински организации на Црвен крст Битола, Велес, Кичево, Струга и Македонски Брод, Комисија за здравствено – превентивна дејност и крводарителство, Клуб на крводарители, Клуб 25, ФЗОМ, АРМ, МВР, Фармацевтска комора, Правосудни органи, Приватен сектор, Здружение на граѓани “Крводарител” и Македонска-радио телевизија.

На Форумот во вид на работилници беа разработени и две теми и тоа : “Влијанието на медиумите и социјалните мрежи во крводарителството” и “Предизвици во крводарителство“. Исто така се одржа завршна евалуација и беа донесени заклучоци од Форумот за доброволно крводарителство.

< врати се назад