јули 4, 2024

Трет лидерски состанок на мрежата „Соседите помагаат први“

На 03.07.2024 година во Сараево се одржа третиот лидерски состанок на членките на мрежата „Соседите помагаат први“. На состанокот 9 национални друштва презентираа и дискутираа за добри практики и иницијативи за меѓусебна соработка согласно потпишаната заложба на 33-та Меѓународна конференција за взаемна поддршка во време на катастрофи како и дискусии за подготовки за претстојните статутарни состаноци на Движењето во месец октомври оваа година. Мрежата „Соседите помагаат први“ се прошири со прием на уште едно Национално друштво, односно за тринаесетта членка на мрежата е примен Грчкиот Црвен крст.

< врати се назад