Трибина на ИДКНАС, 20-годишнината од егзодусот на косовските Албанци
Денес, во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, беше обележана 20-годишнината од егзодусот на косовските Албанци кога во пролетта ’99 година речиси половина милион косовски Албанци беа насилно протерани кон Блаце и уште толку кон други гранични патеки. Стотици илјади деца, жени и постари лица, во модерни времиња ги оживеа мрачните слики на депортацијата на Евреите од страна на нацистите за време на Втората светска војна.
Во оваа трибина учествуваше и д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Македонија, каде што информираше за хуманитарните активности за справувањето со приливот од над 440.000 депортирани од Косово во Македонија, од кои речиси 60 отсто беа сместени во овдешните албански семејства.