февруари 29, 2024

Учество на Меѓународна обука за реалистично прикажување на повреди

Во периодот 23-25 февруари во Сежана, Словенија се одржа Меѓународна обука за реалистично прикажување на повреди во организација на Црвен крст на Словенија на која учество зема и претставник на Црвен крст на Република Северна Македонија. На обуката учествуваа претставници и од Националните друштва на Црвен крст Србија, Црна Гора, Унгарија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Целта на обуката беше да се научат нови техники на реалистично прикажување на повреди и користење на разнични материјали при шминкање на повредите.

#црвенкрст #ЦКМлади #првапомош #реалистиченприказ  #обука  #redcross #moulage #RCYouth #firstaid #simulations #exercises #training

< врати се назад