Учество на претставник на Црвениот крст на РСМ на обука за социјална наука
Во периодот од 27 ноември до 01 декември 2023 година во Будимпешта, Унгарија регионалната канцеларија за Европа на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, организираше работилница на тема ‘‘Социјална наука и механизам за повратни информации во заедниците,,.
На работилницата учествуваа претставници од Црвениот крст на Република Северна Македонија, Црвен крст на Германија, Црвен крст на Шпанија, Црвен крст на Естонија, Црвен крст на Украина, Турска Црвена Полумесечина, Црвен крст на Унгарија и Црвен крст на Киргистан, како и претставници на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Главната цел на обуката беше да се зајакнат капацитетите на Националните друштва во Европа за вклученост и одговорност на заедницата, техники и алатки за управување со информации, планирање, следење, евалуација и известување како и генерирање на квантитативни и квалитативни податоци при спроведување на истражувања за детектирање на потребите и капацитетите на заедниците.