Учество на претставници на ЦКРСМ на работен состанок за зајакнување на подготвеност за дејствување при кризни и итни состојби на земјите од Југоисточна Европа
Во периодот од 20-21 февруари 2024 година во Виена, Австрија се одржа работен состанок за зајакнување на подготвеност за дејствување при кризни и итни состојби на земји од Југоисточна Европа. Работниот состанок беше организиран од страна на Австриски Црвен крст.
На работилницата учествуваа претставници од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
Главната цел на состанокот беше да се идентификуваат постечките капацитети како и идните потреби на земјите во Југоисточна Европа за зајакнување на подготвеноста и капацитетите на сите институции во системот за кризен менаџмент. На работилницата исто така се дискутираше за градење нови и развој на понатамошни постоечки компетенции, вештини, знаења и експертизи за цивилната заштита и кризен менаџмент на индивидуално, организациско и институционално ниво.