Учество на Регионален семинар за крводарителство, Скадар – Р. Албанија
Од 26-29 септември се одржа Регионален семинар за крводарителство во Скадар Република Албанија под мотото “Заедно за доброволно крводарителство”. Учесници на овој меѓународен семинар беа претставници на Црвениот крст на Албанија, Италија, Македонија и Косово. Преку презентации беа претставени активностите во дејноста крводарителство и на Клубовите 25.
Беа одржани две работилници за младите на теми “Партнерство помеѓу младите за успешна промоција на доброволното крводарителство” и “Зголемен број на млади крводарители”.
Беа разменети позитивни искуства и донесени одредени заклучоци за понатамошна соработка на регионално ниво за развој на доброволно крводарителство и на клуб 25.