јуни 14, 2017

Учество на семинар за Меѓународно хуманитарно право

Во Центарот за обука*Д-р Џозеф Крузел*, касарна Гоце Делчев, Скопје на 13 јуни се одржа семинар за Меѓународно хуманитарно право, кој е рамки на календарот на специјализирани обуки за 2017 година на Министерството за одбрана.

Учеството на претставниците на Црвен крст на Република Македонија е резултат на Меморандумот за соработка склучен помеѓу Црвен крст на РМ и Министерството за одбрана и поканата за учество и предавање на конкретна тема.

На Семинарот присуствуваа и претставници на Армијата на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

Целта на семинарот е учесниците од поширок аспект да ја согледаат примената на Меѓународното хуманитарно право и да се стекнат со нови знаења од оваа област

На семинарот се презентирани следните теми:Основни принципи, имплементација и одговорност за повреда на меѓународното хуманитарно право, Статусот на бегалците и азилантите во меѓународното хуманитарно право, Меѓународното хуманитарно право во вооружените сили, Женевските конвенции и дополнителните протоколи со осврт на употреба и заштита од злоупотреба на амблемот на Црвениот крст.

Семинарот се одвиваше преку презентации, дискусија, поставени прашања и завршна евалуација.

Учесниците од Црвен крст на РМ конструктивно се вклучија во сите теми и со информирање на активностите на Црвен крст на РМ во оваа област пројавија интерес кај предавачите и учесниците

Учеството на ваков тип семинари е од интерес за Црвен крст на РМ за здобивање нови знаења и размена на искуства, но и промовирање и дисеминирање на активностите на Црвениот крст.

Потребна е соработката со институции и организации за организирање на семинари, работилници и други обуки, но и проширување на фондот на литература од областа на МХП со документи од оваа материја од причини што постои зголемен интерес кај претставници од образовните институции.

< врати се назад