октомври 10, 2017

Учество на состанокот на Европската мрежа за Психосоцијална подршка

Претставник на Црвениот крст на Р Македонија зема учество на состанокот на Европската мрежа на Црвениот крст и Црвената полумесечина  за Психосоцијална поддршка (ENPS) кој се одржа од 6-ти до 8-ми Октомври во Хелсинки. Основна цел на Мрежата е да се олеснат размената на искуства помеѓу Националните друштва и поддршка во развој на Психо-социјалната поддршка во рамки на Националните друштва преку искуствата и добрите практики. Темата на овогодинешниот состанок на Мрежата беа Иновациите во психосоцијална поддршка во поглед на миграциите, различните катастрофи и останатите можни кризни состојби кои можат да се појават. На состанокот беа презентирани различните искуства и практики на Националните друштва во однос на Иновациите на Финскиот иновационен Фонд СИТРА, иновациите во рамки на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина, интеграција на иновациите во Психо-социјалната поддршка,како и иновациите од неколку Национални друштва при различни кризни ситуации, новости од Психосоцијалниот Референтен Центар, искуства од неодамнешни кризни ситуации.

< врати се назад