јуни 27, 2018

Учество на тренинг за системот на Европската унија за цивилна заштита и хуманитарна помош

Во периодот од 17-22 јуни претставник на Црвен крст на Р Македонија зеде учество во тренингот на Европскиот систем за цивилна заштита и хуманитарен одговор во услови на кризни состојби. На тренингот приставуваа 24 претставници од повеќе Европски земји (Франција, Италија, Шпанија, Белгија, Данска, Бугарија, Унгарија,Чешка, Полска, Англија) како и претставници од Европскиот Директорат за Цивилни операции и хуманитарна помош (DG ECHO) на Европската Унија.

Предавачи на тренингот беа искусни експерти од областа на Меѓународното право, подготвеноста и одговорот при катастрофи, хуманитарната помош со длабоки познавања за потребите при хуманитарна помош и цивилна заштита. Тренингот имаше за цел стекнување на вештини, знаење и практика во однос на подготовка на учесниците при различни специфични состојби и кризни состојби и катастрофи  предизвикани од човекот или природни катастрофи.

Европскиот механизам за цивилна заштита и хуманитарна помош обезбедува поддршка на настрадано население ширум светот уште од 1992 година и секоја година со оваа помош се опфаќаат околу 120 милиони лица. 

< врати се назад