Вебинар за Комуникација при ризици и следење на гласини поврзани со КОВИД-19
На 30.06.2021 година во период од 10:00 до 11:30 часот од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина ( МФЦК/ЦП) се одржа вебинар на тема: Комуникација при ризици и следење на гласини поврзани со КОВИД-19.
На овој вебинар учествуваа претставници од Црвен крст на Република Северна Македонија, претставници од други Национални друштва и Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Целта на вебинарот беше да споделат искуствата од страна на Турската Црвена полумесечина и Црвен крст Украина во врска со ЗСП Анкета (знаења, ставови и практики) поврзана со КОВИД-19, следење на гласини и перцепции комуникации за промена на однесување.
За време на овој интерактивен вебинар, и другите учесниците од Национални друштво исто така има можност да ги споделуваат своите искуства.