мај 22, 2014

ВО АКЦИЈАТА ЗА ПОМОШ НА ИСТО РАМНИШТЕ

Деноноќно вработените и волонтерите на Црвениот крст на Република Македонија и граѓани кои доброволно се нудат за помош, во магацинот Момин Поток, Скопје се организираат за прием, селекција и транспорт на хуманитарната помош од Република Македонија за поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

[responsive]Untitled-1[/responsive]

Вчера еден пријатен гест ги изненади лицата во Момин Поток кога во 15,30 часот ги посети и работно се вклучи во акцијата амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република Македонија г-дин Здравко Беговиќ заедно со персоналот од амбасадата. Ова докажува дека хуманоста не признава функции, титули или други позиции.

Денес во 11,оо часот се планира да заминат 6 шлепери со хуманитарна помош за настраданите од поплавите во Република Босна и Херцеговина.

< врати се назад