Во тек е обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – подржана од Business and Strategies in Europe – B&S Europe
Во рамки на новиот циклус обуки за акредитираната програма „Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“, спроведена од Црвен крст на Република Северна Македонија и Црвен крст на Град Скопје, која што започна на 12.01.2021 и во која беа вклучени 15 кандидати, како дел од проектот за ублажување и надминување на последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата, поддржан од Business and Strategies in Europe – B&S Europe, до сега се реализирани теоретските и практичните делови од Модул 1, во реализација на социјален работник и дефектолог. Од вкупно 15 кандидати, 13 учесници успешно го завршија тестот за Модул 1, а останатите 2, ќе имаат можност за повторно тестирање. Најголемиот дел од предавањата се одвиваат во живо, но онаму каде има можност се организираат и онлајн сесии преку платформата Зоом. Учесниците притоа, покажуваат огромен интерес за обуката , а тоа се гледа преку мерење на нивната редовност и активно партиципирање на предавањата.
Во моментот во тек е практичниот дел од Модул 2.