октомври 24, 2023
“Врсничка едукација за млади тренери за доброволно крводарителство”
Во рамките на Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 23 октомври 2023 година во Струга во хотел ,,Солферино,, се одржа работилница за врсничка едукација за млади тренери за доброволно крводарителство со цел промовирање на симулациска вежба – крводарителска акција.
На работилницата беа присуствуваа четири инструктори за врсничка едукација за крводарителство од Црвениот крст на Србија и 13 учесници од Општинските организации на Црвен крст Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар, Битола, Велес и Црвен крст на град Скопје.