
2022-02-23
Втора регионална средба со секретари за процес ТРАНСФОРМАЦИЈА 28
Продолжуваме во втората регионална средба од процесот Трансформација 28, овој пат со претставници од општинските организации на Црвен крст Кичево, Ресен, Дебар, Демир Хисар, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола, Крушево и Охрид.
Процесот на трансформација е дефиниран од локалните потреби на нашите организации но и заедниците во кои тие делуваат. Како Национално друштво се трудиме секогаш да дадеме навремен и соодветен одговор на потребите на општеството и нашите целни групи. Токму ваквиот процес го гледаме како голем исчекор во нашето делување при остварување на визијата и мисијата на организацијата.
