септември 17, 2014

XXIII-ти Државен натпревар, 20.09.2014 – Куманово

 

XXIII-от Државен натпревар на екипите по прва помош кој традиционално го организира Црвениот крст на Р. Македонија, оваа година ќе се одржи на 20.09.2014 година (сабота) во Куманово под мотото “Првата помош во секојдневните несреќи и катастрофи”. Домаќин на овогодинешниот натпревар е Општинската организација на Црвен крст Куманово. Натпреварот има за цел да ја промовира првата помош кај младата популација и во јавноста пошироко, нагласувајќи ја хуманата компонента која е од непроценливо значење за овозможување на безбедно секојдневие. Вкупно 26 екипи, од кои една со ревијално учество и ја претставува

Градската организација на Црвен крст Ниш, а останатите 25 ги претставуваат општинските организации на Црвениот крст од целата територија на Р. Македонија ќе се натпреваруваат во укажување на прва помош при различни видови на реалистично прикажани повреди. Младите исто така ќе имаат можност да ги покажат своите знаења од областа на дисеминацијата и вештините во игрите од забавен карактер. Работните места по прва помош и работните места од натпреварувачко-забавен карактер ќе бидат поставени покрај Кеј Октомвриска револуција во Куманово спроти спортската сала. Свечено отворање е закажано за во 10.30 часот, а натпреварот започнува во 11.00 часот на 20 септември 2014 година.

< врати се назад