Зајакнување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во Земјите од Западен Балкан
На 14 ноември, во Белград, Р. Србија, одржан беше подготвителен состанок во рамки на проектот „Зајакнување на здравјето, пристапот, учеството и социјалната еднаквост во Земјите од Западен Балкан“ (“Strengthening Health, Access, Participation and Social Equity in Western Balkan countries” -SHAPE) финансиран од Австриското Министерство за социјални работи. Како апликант организација на проектот е Австриски Црвен крст, додека пак проектните активности ќе се имплементираат во партнерските Национални друштва – Црвен крст во РС Македонија, Албанија и Србија во периодот Октомври 2024-Октомври 2026 година. Цел на проектот е да придонесе во ублажување на негативните социо-економски последици за ранливите групи во Албанија, Северна Македонија и Србија, како и подобрување на социјалното и економско учество и пристапот на ранливото население до здравствени, социјални услуги и нега во овие земји.
На подготвителниот состанок, презентирани беа планираните активностите во трите Национални друштва на Црвен крст, временската рамка и специфичностите на планот за мониторинг, а дискутирани беа и организациски, финансиски и административни прашања.
Црвениот крст на РСМ- Црвен крст на град Скопје, во рамки на оваа проектна поддршка, ќе реализира активности за поддршка на бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток. Поддршката ќе биде во насока на пружање услуги за олеснување на социјалната и економска интеграција на луѓето без домување, како и поддршка за оние кои се изложени на ризик од бездомништво во Скопје. Преку структуиран пристап и со поддршка на културни медијатори и волонтери, ќе се работи на дополнително зајакнување на психо-социјалната и физичката благосостојба на луѓето погодени од сиромаштија, подигнување на свеста за насилството врз жените, со акцент на жените и девојки бездомнички. Стручниот тим во Пунктот за бездомници ќе нуди и активности за промоција на здравјето и психо-социјална поддршка специфични за целната група.