Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост од КОВИД 19
Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост од КОВИД 19 и други катастрофи„ финансиран од Европската Унија, во период од 5-7 мај 2021 во Центарот Солферино во Струга, Црвениот крст на РСМ организира работилница за само процена на капацитетите на Националното друштво за спроведување на помош во парични средства или ваучери. На работилницата учествуваат претставници на стручната служба на Црвен крст на РСМ, секретари, вработени и волонтери од двете општински организации на ЦК и Црвен крст на град Скопје. Работилницата ја фасилитираат претставници на Црвен крст на Србија и Австрискиот ЦК. Целта на работилницата е да се направи само процена на капацитетите на НД за спроведување на готовински трансфер и да се подготви план за акција за идни активности.