Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа
Во периодот од 23 до 25 ноември 2021 година во тренинг центарот Солферино – Струга, се одржа вториот партнерски состанок во рамките на проектот: Х-СТОК “Зајакнување на прекуграничната подготвеност преку заедничко менаџирање на стоковите резерви за итни состојби во Југоисточна Европа. Состанокот се одржа по комбиниран модел односно со физичко присуство и on line.
Главна цел на проектот проектот X-СТОК е да се подобри прекуграничното управување со итни случаи во Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Србија преку заедничко управување со залихите за итни случаи.
Партнерите на проектот детално ги претставија националните ресурсите со кои располагаат, обрнувајќи внимание на ресурсите на националните друштва на Црвен крст како во делот на човекови ресурси, стокови резерви предвидени за итни состојби така и во делот на инфраструктурата и логистиката односно магацини, возен парк, специјализирани тимови и др. По презентациите се дискутирааше кој е најадекватниот начин да се помогне на друга држава во итна ситуација дали преку соодветни добра или финансиски трансфери, проблемите поврзани со механизмите на МФЦК (DREF, Appeal) и потребата од нивно менување како и за можноста за синхронизирање одредени обуки за волонтери на регионално ниво кои би се вклулчувале во итни состојби.
Учесниците на работилницата ги презентирааше своите постоечките меѓународни договори но беа и презентирани и придобивките од членството во соодветни институции (ЕУ, НАТО, ДППИ и др.) во услови на итни состојби а воедно се презентираа и конкретни регионални примери и искуства од минатото.