декември 13, 2016

ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ОБУКИ ЗА ЗАНАЕТИ

Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ , а согласно со планот за акција во месец ноември започнаа обуките за изучување на занает.

Со започнувањето на обуките се означи и почетокот на нова фаза во проектот која за корисниците ќе значи чекор поблиску до остварување на нивната цел – стекнување на сертификат за изучен занает и воедно можност за долгорочна промена на моменталната состојба, посебно на пазарот на труд. На почетокот на овој процес се даде важност на воспоставување на добра комуникација помеѓу занаетчиите, тимот од социални работинци, психологот и корисниците како и градење на меѓусебен професионален однос. 

Паралелно со овие обуки течат и работилниците за личен раст и развој кои истовремено допринесуваат  за зајакнување на нивните капацитети и градење на професионална личност. За време на сите тековни активности, тимот од социјални работници и психолог постојано се во комуникација со корисниците следејќи ги нивните потреби и делувајќи преку давање на психосоцијална поддршка.

По завршување на обуките, 38 корисници ќе добијат државно признати сертификати за 15 занаети и тоа за фризер, козметичар за нега на лице и тело, шминкер и декорација на нокти, слаткар, пица мајстор, пекар,  декорирање на настани и уредување на ентериери, фотограф, рачно везење и плетење, кроење и шиење, филигранист, бравар, клучар и столар.

Овој проект го реализира Црвениот крст на Република Македојнија во партнетсво со Занаетчиска комора на град Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

15368758_10211298549610660_1134469492_o

< врати се назад