февруари 27, 2018

Завршена прва фаза на проект УНИЦЕФ

Заврши првата фаза од проектот “Активности за намалување на ризици од катастрофи во основни училишта и градинки во Гевгелија, Куманово и Скопје” кој се реализира во рамките на Програмот за подготвеност и дејствување при катастрофи, со поддршка на УНИЦЕФ. Во рамките на првата фаза од проектот се спроведоа состаноци со Општинските организации на Црвен крст Куманово, Гевгелија и Општинските организации во Скопје ( Чаир, Кисела Вода, Карпош, Центар и Гази Баба ), состаноци со претставници на локалните самоуправи, претставници на образовни институции, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гевгелија воедно се спроведе и  проценка на која е претходно подготвена од страна на проектниот тим според методологија на Меѓународнта Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Подготвените прашалници за основна и детална проценка на образовни институции беа спроведени од страна на тимовите на Црвен крст во 9 општини ( Куманово, Гевгелија, Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров ) и беа опфатени 81 објекти, од кои 71 градинки и 10 основни училишта ( проценка на основни училишта се според проектните цели се спроведе во Куманово и Гевгелија ).

 

По спроведената проценка на образовните институции од страна на обучени тимови за проценка на Црвен крст на Република Македонија и Општинските организации на Црвен крст опфатени во проектните активности, се направи анализа на добиените податоци, подготовка на детален извештај од проценките и селекција на 11 образовни институции со кои ќе се работи во втората фаза на проектот во надградба на капацитети, инфраструктурни зафати и подигнување на јавна свест.

< врати се назад