октомври 2, 2023

Завршна конференција на проектот InCARE, во Виена, Австрија

Во периодот 28 и 29 септември 2023 година, во Виена, Австрија, беа реализирани завршните активности  на проектот ,,Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкорпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“ (InCARE), поддржан од страна на Европската комисија.

Проектот InCARE започна во 2020 година, со цел да развие нови социјални иновации за долгорочна нега со вклучување на различни засегнати страни во државите Австрија, Шпанија и Северна Македонија и да даде поддршка во развојот на системите на долгорочна нега.

Црвениот крст на Република Северна Македонија , како партнер имплементатор, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика,  во тригодишниот период, успеа да ја дизајнира и воспостави пилот услугата Итно копче, опфаќајки 57 корисници – стари лица во градот Скопје, како и да овозможи јакнење на теоретските и практични вештини на вкупно 52 лица, преку обуката за негуватели на нега и грижа на стари лица и лица со попреченост во домашни услови.

На 28 септември 2023 година, беше оддржана завршната конференција на проектот, каде што преставник од Црвениот крст на РСМ ги презентираше достигнувањата, резултатите и можностите за понатамошен развој на услугата ,,Итно копче’’ преку интегрирање во системот на државата, со крајна цел да се подобри добросостојбата на постарите луѓе и да се зголеми нивниот пристап до соодветна и достапна нега. На 29 септември 2023 година беше оддржан завршниот состанок со сите вклучени партнери во проектот, каде се  дискутираа предизвиците и научени лекции, можностите за нови соработки, како и следењето на новите услугите по завршувањето на проектот.

< врати се назад